еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.465: Нови 23 случаи на заболени со коронавирусот

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2, информираат од Министерството за здравство.

‘Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.465, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650“, велат од Министерството.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 498, Куманово – 389, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –150, Тетово – 82, Струга – 66, Велес – 71, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2

“Направените 386 теста се преку: Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) –287, Ветеринарен факултет -11 , Авицена –14, Биотек –20, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода -21 и МАНУ -10 .

Досега во земјата се направени вкупно 16.436 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 5 се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 77: Четворица новопочинати од коронавирусот во Македонија

Убава вест: Излекувани дури 111 пациенти заболени од коронавирусот, вкупно оздравени 738

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Израел уби над 1.756 деца во Газа за две недели

Редакција

(Видео) Како изгледа Приштина мол: Скопските молови добија конкуренција

Редакција

Казни за 426 лица за неносење маски во изминатото деноноќие

Редакција