еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.518: Седум нови случаи на заболени со коронавирусот

Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1, информираат од Министерството за здравство.

“На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драган Вучиќ почина по компликации од корона вирусот

Филипче: Вучиќ беше со многу тежок наод на белите дробови, сочувство до семејството и најблиските

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.518.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441, а на починати 85.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 512, Куманово – 401, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –159, Тетово – 90, Струга – 67, Велес – 77, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2, Кратово-1.

“Направените 113 теста се преку: Институт за јавно здравје –108, Ветеринарен факултет -0 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -0 и МАНУ -5.

Досега во земјата се направени вкупно 17.359 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на ковид-19“, информираат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Излекувани уште 47 пациенти од коронавирусот, вкупната бројка 992

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација ја отфрли жалбата за притворот на Боки 13

Редакција

(ФОТО) Изумителот на домашниот крем од лешници „Леска“, Пеце почна со производство на чоколади

Редакција

Првиот контејнер со контаминирана земја од ОХИС замина за Германија

Редакција