Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија се регистрирани вкупно 1.858 заразени со коронавирусот.
“Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 46 години).
Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 401 (21,6%) со инциденца од 104,6/100.000, а највисока специфична инциденца од 138,1/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (384 заболени).
Најниска инциденца од 28,4 и 33,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 65 и 84 случаи соодветно“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, заклучно со податоци до 19. мај, а која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест лица со претходни заболувања, повеќе мажи, детали за новите случаи на заразени со коронавирусот
Со претходни заболувања тројца од новопочинатите од коронавирусот во Македонија