еМагазин
Image default
Македонија

Вкупно 27.326 прекршоци за неносење маски

Од страна на полициските службеници досега се констатирани вкупно 27.326 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 444 прекршоци во изминатото деноноќие, објави денеска на неговиот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие се извршени 99 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на Владата.

– На територијата на целата држава на вкупно 197 лица им се издадени решенија за изолација, а четири лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани две лица кои не ги почитувале овие мерки, објави министерот Чулев.

Министерот Чулев на неговиот ФБ профил уште еднаш апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички, како што напиша, да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аеродром и Центар се ближат до 300 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

Продолжуваат разговорите меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада

Редакција

Тројца вработени од МВР позитивни на коронавирусот

Редакција