еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 42: Седум новозаразени со корона вирусот, тројца од Дебар, четворица од Скопје

Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус, кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје, соопшти на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скринизи за рано откривање на корона вирусот освен во Дебар и Струга, можно е да се прават и на граѓани во Скопје

“Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија.

Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови ќе информираме во текот на утрешниот ден“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

Корона вирусот покажа колку сме себични

Драги млади, не бидете себични кон дедовци и баби: Од корона вирусот се умира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Негативни резултати за двајца штипски инфектолзи и главната медицинска сестра

Редакција

Фон дер Лајен твитна на македонски за договорот со Фронтекс, па и се „нафрлија“ Грци и Бугари

Редакција

Што пишуваат бугарските медиуми за посетата на Заев: Се зборувало за јазикот и промена на Уставот?

Редакција