еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 48 заболени од корона вирусот: Шест нови, од кои и четиригодишно девојче од Штип

Министерството за здравство информира дека до 16 часот дијагностицирани се шест нови пациенти, заболени со коронавирусот.

„Се работи за едно девојче од Штип на четиригодишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.

Во Дебар се регистрирани три нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.

Во Скопје е регистриран еден случај, контакт на претходно дијагностицираните.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија,“ соопштуваат од Министерство за здравство.

Во моментов се тестираат 35 лица, за кои Министерството за здравство ќе извести веднаш по добивање на резултатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО: Гифти текс од Прилеп на свој трошок почна да произведува заштитни маски, кои ќе се донират

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој ден има по 300 новозаразени во државава, што значи дека вирусот се уште постои, вели Сали

Редакција

Обвинение за двајца битолски гинеколози: Ненавремено извршиле царски рез, поради што новороденчето починало

Редакција

„Соларпро холдинг“ го доби тендерот на ЈП „Исар“ за набавка на струја вреден 724.000 евра

Редакција