еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 67 заболени од корона вирусот: 19 нови дијагностицирани, а во „Жан Митрев“ се позитивни уште 17 нови кои треба да бидат потврдени

Министерството за здравство информира дека вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт за јавно здравје, на коронавирус беа тестирани 71 лице.

„Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.

Најголем дел од тестирањата направени преку Институтот за јавно здравје се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот се уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот,“ велат од Министерство за здравство.

Со ова бројката на ново-заболени до 10.00 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС

(Фото) Кои се луѓето кои деноноќно работат и изработуваат тестови за корона вирусот

Драги млади, не бидете себични кон дедовци и баби: Од корона вирусот се умира

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првпат Џафери седницата во парламентот ја води на албански јазик: Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше

Редакција

(Фото) Во „Аџибадем Систина“ вградено второто целосно вештачко срце на 28-годишна девојка

Редакција

Скопјани и Тетовчани мазохисти, уживаат да се гушат во загадениот воздух

Петре Димитров