еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 711: 48 нови случаи на заболени од коронавирусот, во Куманово 25

Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово.

Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот.

По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 711 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

-Скопје – 284

-Куманово – 168

-Дебар – 49

-Штип-21

-Прилеп –50

-Тетово – 31

-Струга – 33

-Велес – 18

-Битола –8

-Охрид –4

-Кавадарци – 3

-Гостивар –6

-Гевглелија – 4

-Струмица – 2

-Крива Паланка-3

-Радовиш – 4

-Крушево – 3

-Кочани – 19

-Пробиштип – 1.

Од 496 тестирање, преку Институтот за јавно здравје се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –96.

Досега во земјата се направени 7.067  тестирања на Ковид-19, информираат од Министерството.

“Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63 г.) за кое Министерството информираше на 5 април.

Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем.

Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството информираше во текот на вчерашниот ден“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Скопјани во карантин се забавуваат со Здравко Чолиќ на тераса

„Канал 5“ со детали за заболениот новинар, кај кого на интервју гостуваа Мицкоски и Заев

Владини членови биле во контакт со Заев, од неговите резултати зависи дали ќе се тестираат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 7.723: Од Ковид-19 починале 12 лица, дополнително пријавено уште едно

Редакција

На судењето за „Траекторија“ презентирани дописи за изборот на „Синохидро“ за изградба на автопатите

Редакција

Филипче: Влегуваме во есенски бран, нема да дозволам колегите да клекнат на колена од замор

Редакција