еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 760 заразени со корона вирусот: Регистрирани 49 нови случаи, најмногу во Скопје и Куманово

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19.

По градови: Скопје – 13, Куманово – 14, Штип – 6, Прилеп -8, Велес-6, Гостивар -1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 760 лица.

Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

Скопје – 297

Куманово – 182

Дебар – 49

Штип-27

Прилеп –58

Тетово – 31

Струга – 33

Велес – 24

Битола –8

Охрид –4

Кавадарци – 3

Гостивар –7

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-3

Радовиш – 4

Крушево – 3

Кочани – 20

Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 586 теста. Преку Институтот за јавно здравје се направени 423, преку Ветеринарен факултет –6, Авицена –15 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –118. Досега во земјата се направени 7.653  тестирања на Ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец со сведоштво од Шведска: Зошто се лабави мерките за ширење на корона вирусот

Претседателот на МАНУ, Коцарев: Пикот на корона вирусот на почеток на мај со 1.100 заразени

Двајца пациенти од Куманово и Прилеп починаа од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 72 болни од Ковид-19

Редакција

865 нови случаи на Ковид-19 од 2.889 тестирања, во Скопје 330

Редакција

Почина актерот Владимир Ендровски

Редакција