еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 828 заразени од корона вирусот: Рекордни 68 нови случаи, најмногу во Скопје, Куманово и Прилеп

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19.

По градови: Скопје – 15, Куманово – 18, Прилеп -14, Тетово -2, Струга – 10, Велес – 6, Битола -1, Гостивар -1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 828 лица.

Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

-Скопје – 312

-Куманово – 200

-Дебар – 49

-Штип-27

-Прилеп –72

-Тетово – 33

-Струга – 43

-Велес – 30

-Битола –9

-Охрид –4

-Кавадарци – 3

-Гостивар –8

-Гевглелија – 4

-Струмица – 2

-Крива Паланка-3

-Радовиш – 4

-Крушево – 3

-Кочани – 21

-Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 404 теста. Преку Институтот за јавно здравје – 300, преку Ветеринарен факултет -0, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71.

Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.

Во „8 септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Пациентите се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Мапа) Кумулативната инциденца во Куманово над 127, расте и во Штип и Кочани

Најголем дел од починатите од коронавирусот во Македонија се на возраст над 60 години

Аларамантно: 106 здравствени работници во Македонија заболени од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Реплек стартува иновативна платформа за добросостојба „РЕсет“: работилници, настани и едукација за подобро здравје

Редакција

Заев: Пратеници време е!

Редакција