еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Влада: Акцизата на нафтата се зголемува за три денари

За три денари се зголемува акцизата за нафтените деривати. Оваа уредба со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба денеска ја донесе Владата како мерка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот Ковид-19.

Како што појасни денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Муамер Хоџа, со оваа уредба, меѓу другото се пропишува износот на акцизата за безеловениот бензин, дизел горивото и горивото за греење.

„Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со корона вирусот и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби.

Зголемувањето на износот на акцизата нема да предизвика дополнителни финансиски импликации за правните субјекти и населението со оглед на фактот дека зналителниот пад на цената на нафтата на светтските берзи предизвикува значително намалување и на малопродажните цени на горивата во нашата држава“, истакна Хоџа.

Предложениот механизам, појасни тој, овозможува постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот, што, како што рече, се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од корона вирусот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бензините поскапуваат за 3,5, а нафтата за 1,5 денари

Корона вирусот и „пресуди“ на нафтата: Историски најниски цени на црното злато

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Душко Тодевски назначен за стечаен управник на „Еуростандард банка“, прво рочиште на 8 октомври

Редакција

(Видео) „Руските авиони не може да бидат соборени со митралези“: Зеленски побара оружје од НАТО и праша „што чекаат, поминаа 31 ден“

Редакција

Нов скок на цената на нафтата: Дали повторно ќе се корегираат цените на нафтените деривати во државата?

Редакција