еМагазин
Image default
Македонија

Влада: ДИК во следниот период веројатно ќе интервенира во Избирачкиот список

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски во однос на прочистувањето на Избирачкиот список денеска изјави дека се наследени повеќе проблеми и оти надлежните институции соодветно треба да ги адресираат и решаваат.

На прес-конференцијата во Владата, Бошњаковски посочи дека од 2002 година во Македонија немало попис и оти над 400 илјади граѓани не живеат во државата, а фигурираат во Избирачкиот список, што секако има импликации на сите изборни и референдумски процеси.

– Постојат повеќе сегменти што треба да се адресираат. Дел од нив се должност на Владата, а дел се должност на други институции. Во Македонија од 2002 година немаме попис, но во моментот течат подготовките во Државниот завод за статистика за одржување на попис. Наследени се повеќе проблеми што треба да се адресираат и да се решат.

Свесни сме сите и дека над 400 илјади наши сограѓани не живеат во Македонија, а ги имаме на Избирачкииот список дека живеат во Македонија. И ова си има импликации на сите изборни и рефередумски процеси. Државната изборна комисија во наредниот период најверојатно ќе интервенира во однос на Избирачкиот список, меѓутоа сите институции треба соодветно да ги адресираат овие ситуации и да се решат, рече Бошњаковски.

Додаде дека не се работи за тоа дали има добра волја ова да се направи, туку дека тоа е прашање на време и приоритети.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Комисијата за уставни измени Ѓорчев читаше бројки за излезност на референдумот, Џафери го искара

Редакција

Референдум за името: Кој се може да гласа?

Редакција

Пратеникот на СДСМ, Зекири до Камчев: Подобро да молчиш, од одговорност за злоделата нема да избегаш

Редакција