еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Влада: Државните карантини се строго контролирани, граѓаните во нив не се закана за никого

Државните карантини се безбедни и строго контролирани. Објектите ги обезбедува полицијата и војската. Граѓаните сместени во овие објекти не се закана за никого, порачува Владата во денешното соопштение.

Владата апелира до граѓаните да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани кои се дојдени од странски земји се во согласност со највисоките здравствени стандарди.

–  Станува збор за обезбеден капацитет од 2.104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се 1.082 легла.

Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од секој сместувачки објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата.

За секој од нив е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван. Нема ниту најмал простор за загриженост, а најмалку за паника, обезбедени се највисоки здравствени стандарди и протоколи, нагласува Владата.

Сите мерки што се преземени за утврдување на локацијата и објектите за карантин, велат од Владата, се направени исклучиво согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и врз сериозни и стручни анализи и проценки.

– Во таа насока, целосно ја поддржуваме Општина Битола која повика на состојбата на солидарност, човечност, колективност какви што граѓаните на Битола секогаш покажувале.

Наша заедничка мисија нека биде граѓаните сместени во објектот предвиден за државен карантин да ги поминат во мир 14-те денови во изолација, бидејќи тие не се таму по сопствена волја, туку исклучиво заради строгото спроведување на мерките кои се преземаат во нашата земја и во целиот свет за справување со пандемијата.

Ова е време на солидарност. На секој граѓанин ќе му биде пружена соодветна помош од стручните здравствени работници. Тоа е одговорно однесување. Тоа е силен отпор против заканата, порачуваат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битолчани ги стигматизираат сограѓаните кои се во картин во хотел во градот, по враќањето од Малта

Сите детали: Новозаболените со коронавирусот се на возраст од 30-39 години, 11 поврзани со потврдени случаи

14 заболеле во болница: Бројот на здравствени работници со коронавирусот порасна на 21

Секојдневно се менува: Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таравари бара техничка влада

Редакција

Тужен за геноцид: Денеска во Хаг почнува процес против Израел, по тужба од Јужна Африка

Редакција

Министерот Фазлиу не ги бендисува мензите по институциите, повеќе си претпочита ресторани

Редакција