еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Влада: Најмногу за датум за нас се „бореa“ Грција, Австрија, Словенија…

Според извори од Владата, ниту една земја – членка на ЕУ не изразила сомнеж дека државата ги исполнила сите задачи за да добие датум за почеток на преговорите.

Холандија изразила очекување да се донесе Законот за јавно обвинителство, но без негативен став и со согласност за почеток на преговорите годинава.

Најмногу за нас се „бореле“ Грција, Австрија, Словенија, Словачка, Луксембург, Унгарија, Романија, Малта, балтичките држави и комесарот за проширување, Јоханес Хан.

Бугарија била крајно позитивна, Франција воздржана со барање на повеќе време за одлука за двете држави.

На крајот, заклучокот е донесен со консензус, сите се ЗА позитивна одлука во октомври и почеток на преговорите до крајот на годината.

Сите држави се согласиле да го дополнат заклучокот со посебно признание за Договорот од Преспа и за Договорот за добрососедство со Бугарија и ги поздравиле и потврдиле резултатите од реформите.

Сите се обврзале да се донесе јасна и суштинска одлука во октомври.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ќе се апси ли нешто до октомври или по одмори ќе се иде?„: Твитер реакции за недобивањето датум за преговори со ЕУ

Франција, Германија, Холандија, Данска, Белгија, Луксембург и Шпанија биле против датум за преговори со Македонија, тврди Милошоски

Може ли до октомври и Грција да стане проблем за старт на преговори со ЕУ?

Зошто Кипар се заканува со вето за старт на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Министерството за одбрана досега не се разгледувала никаква можност за задолжителен воен рок

Редакција

Убава вест: Оздравени 240 болни од Ковид-19

Редакција

Интерпелацијата на Љубомир Јовески на собранска седница на 2. ноември

Редакција