еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Влада: Од денеска Македонија е Република Северна Македонија

Од Владата известуваат дека од денеска, 12 февруари 2019 година, влегува во сила Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави во Службен весник.

„Исто така, известуваме дека се исполнети условите за влегување во сила на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија ги донесе на 11 јануари 2019 година.

Истите влегуваат во сила денеска, на 12 февруари 2019 година со соодветната објава од страна на Владата во Службен весник.

Со тоа, започнува извршувањето на обврските кои произлегуваат од Конечната Спогодба и Уставните амандмани.

Првичните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на горенаведените обврски ќе бидат презентирани во соопштение за јавноста кое ќе го објави Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба“, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На излез од земјата ќе се става печат со појаснување дека патните исправи се на Република Северна Македонија

За најмногу четири месеци треба да се сменат регистарските таблички од МК со NMK

За три дена на граничните премини и на аеродромите ќе има табли со Република Северна Македонија

(Фото) Владата на Република Македонија стана Влада на Република Северна Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски во случајот за парцелите на Водно веќе има дадено исказ, тврди Русковска

Редакција

Нови 115 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Редакција

„Царсо интернaционал“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на лекови за ретки болести вреден 1,6 милиони евра

Редакција