еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Влада: Отписот на долговите за струја е мерка на социјално одговорни компании и не е на товар на граѓаните

Владата, во консултација со ЕЛЕМ и ЕВН, информира дека отписот на долговите за електрична енергија се однесува на заостанатите долгови на граѓаните заклучно со август 2005 година, односно до моментот од кога ЕВН ги презеде долговите од државната компанија ЕСМ.

„Освен долгот за струја, во предвидениот отпис е опфатен и долгот за радиодифузна такса која до тој период се прибираше преку сметките за струја. Бројката на граѓани опфатени со овој отпис на долгови е утврдена врз основа на бројката на оптужени должници и изнесува околу 200 илјади граѓани. Во голем процент станува збор за граѓани од ранливите категории население, како корисници на социјална помош и пензионери.

Со отписот на долговите, граѓаните опфатени со оваа мерка се ослободуваат и од натамошните бирократски и административни постапки, кои освен олеснување од правно-процедурален аспект, за граѓаните значи и ослободување од сите идни трошоци поврзани со извршителски, нотарски и судски такси и трошоци за постапки на извршување“, се додава во соопштението.

Од Влада додаваат дека овој отпис на долговите за струја и радиодифузна такса на ниту еден начин не значи дека вкупниот долг ќе биде надоместен од буџетот на државата, односно дека паѓа на товар на останатите граѓани, туку едноставно за отпишување на овој долг за кој постои изразена силна волја од Владата на Република Македонија, од ЕЛЕМ, како и од ЕВН.

„Со оваа мерка единствена придобивка ќе имаат нашите сограѓани на границата на социјалната сигурност, кон кои Владата, како и компаниите ЕЛЕМ и ЕВН, се должни да ја изразат својата солидарност како институции и компании со висок степен на општествена одговорност.

Владата на Република Македонија, заедно со сите чинители во енергетскиот сектор, продолжува да креира политики кои создаваат услови за стабилни цени на струјата, и мерки за враќање на парите кај граѓаните од користењето на природните ресурси како што е евтината тарифа, за разлика од периодот од 2006 до 2016 година кога електричната енергија поскапи за 100 отсто“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И државната ЕЛЕМ ќе треба да отпишува долгови за струја, Анѓушев вели дека нема да се трошат пари од Буџетот

„Остана уште на Бонева да и се исплатат патни трошоци, унапред за 2019“: Твитер за долгот кон лозарите и отписот на долгови за струјата

„Ајдее, Шилегов ќе ги простувал кафанските долгови на преку 200 граѓани“: Твитер за највата за отпис на долгови за струја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лебот поскапе за три денари

Редакција

Пензиите за март ќе се зголемат за 8,4%

Редакција

Ако се замрзне цената на лебот, ќе го прекинеме производството, најавија од пекарската индустрија

Редакција