еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Влада предложи кризната состојба на јужната и на северната граница поради мигрантите да продолжи до јуни 2019

Владата предлага до 30 јуни 2019 година да биде продолжена кризната состојба на јужната и на северната граница со цел превенирање и спречување влез и транзитирање мигранти на територија на Република Македонија.

Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија е веќе доставена до Собранието, каде треба да биде разгледана на матичната комисија и да биде изгласана на пленарна седница.

Целта за продолжување на одлуката е да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.

Кризната состојба поради наплив на мигранти на македонската граница беше воведена летото во 2015 година, и од тогаш се продолжува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амнестиите се завршена работа, тврди Заев

Редакција

Украина и Молдавија да почнат пристапни преговори со ЕУ, предложи Европската комисија

Редакција

Пребројани 221.000 гласачки ливчиња: Пендаровски води пред Силјановска Давковка

Редакција