еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Влада: Промена на химната нема, направена е ненамерна грешка

Владата доби известување од Амбасадата на САД и од изведувачката на химната Тамара Тодевска дека станува збор за ненамерна грешка при изведување на химната, како и уверувања за највисоко ниво на почит кон македонските традиција и херои, велат од Владата.

Од Владата се децидни дека и покрај потпишувањето на Договорот од Преспа со Грција и оној за добрососедски односи со Бугарија, промена на химната нема да има.

Тамара денеска беше топ тема и крена бурни реакции во јавноста во врска со изведувањето на македонската химна на прославата во Американската амбасада, по повод Денот на независноста 4 јули.

Таа не ја испеа строфата во која се спомнуваат Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и Питу Гули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев во одбрана на Тамара: Ненамерна грешка и пропуст, химната се пее секој ден, насекаде

Радио Кавадарци нема да пушта песни од Тамара Тодевска

Гордана Силјановска Давкова за пропустот на Тамара: Време е да ставиме крај, пред законите нема извини!

Тамара: Од дното на моето срце Ви се извинувам поради пропустот што го направив при пеењето на химната

(Видео) На прием на амбасадата на САД Тамара ги „заборави“ Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и Питу Гули кога ја пееше македонската химна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јусуф Зејнели избран за ректор на државниот Универзитет во Тетово

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција

Нема промена во мерките за влез во Грција

Редакција