еМагазин
Image default
Македонија

Влада: Учебната година завршува на 10 јуни

Владата вчера донесе измени на Уредбата за примена на Законот за основното образование за време на вонредна состојба, Уредбата за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба и Уредбата за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба.

Со Уредбата за основното образование, се уредуваат роковите за објавување јавен повик за покривање на трошоците за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар на акредитираните здруженија на наставници, за запишување на децата во прво одделение во основно училиште, за продолжување на мандатот на органите за управување и раководење со основните училишта и за бројот на наставните денови.

Уредбата определува дека наставната година во основните училишта ќе заврши на 10-ти јуни 2020 година, преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација, а запишувањето на децата во прво одделение во основно училиште за учебната 2020/2021 година, ќе се реализира во месец јуни.

Уредбата за средното образование за време на вонредна состојба утврдува дека во учебната 2019/2020 година наставната година во средните училишта за учениците ќе заврши на 10 јуни 2020 година, а за учениците од завршните години во средното образование ќе заврши на 19-ти мај 2020 година, преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.

Со оваа Уредба се определува дека учениците од завршните години на образованието во учебната 2019/2020 година се ослободуваат од полагањето на државна матура, училишна матура, завршен испит со тригодишно траење и завршен испит со четиригодишно траење во средното гимназиско образование, средното стручно образование, средното уметничко образование и средното образование за ученици со посебни образовни потреби, и дека на овие ученици училиштето ќе им издаде диплома за завршено средно образование, која сè издава само за учебната 2019/2020 година.

Со Уредбата со законска сила за високото образование за време на вонредна состојба се продолжуваат роковите за важење на акредитацијата на постојните студиските програми на сите три циклуси на високото образование.

Уредбата исто така определува дека во академската 2020/2021 година на прв циклус академски и стручни студии, како и на академски студии од областа на уметностите, може да се запише и лице кое се стекнало со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година, согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Учениците нема да се вратат во училишните клупи: Се укинува и матурата и завршниот испит

Крајните оценки за учениците ќе бидат според постигнатиот успех во редовната настава, но и од активното онлајн учество

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за 7 лица: Тенискиот клуб „Љуботен“ купил 4,4 илјада метри квадратни за само 3 илјади евра

Редакција

23 прекршувања на полицискиот час, 455 казни за неносење маска

Редакција

Сомнителна пратка пристигнала во британската Амбасада во Скопје

Редакција