еМагазин
Image default
Македонија

Влада: ВМРО-ДПМНЕ дезинформира дека биле спречени да дојдат на Македониум, беа уредно поканети и потврдени

Владата на Република Северна Македонија испрати уредни покани до целата јавност и до сите политички партии за настаните за Илинден во Крушево, а ВМРО-ДПМНЕ беа уредно известени за сите организациски детали, при што од нивна страна стигна потврда за учество, информираат од Владата.

“На 31 јули 2019 во 21:36 сите делегации имаат добиено мејл со сите логистички информации поврзани со положувањето цвеќе на сите три локации (Македониум, Слива, Мечкин Камен) со понуда за организиран превоз.

На 1 август во телефонски разговор најавија дека ќе потврдат учество, после што испратија информација за делегација со нагласување дека нема да користат организиран превоз и кои се возилата со кои ќе пристигнат. За жал не се појавија да оддадат почит на гробот на Никола Карев на Македониумот.

Распоредот на седење на Мечкин Камен е по стандарди на протокол, при што во трет и четврт ред се сместени сите политички партии, вклучително и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ стана од сред настап од Тешкото на Танец за да држи прес конференција на која изнесе дезинформации, со што покажа непочит кон Илинденската традиција (на Мечкин Камен традиционално се игра Тешкото) и кон Н.А. Танец.

ВМРО-ДПМНЕ изнесе лаги во неуспешен обид да го оцрни Илинден кој постои за да обединува, а не за да дели“, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Кој дојде на прославата на Илинден во Крушево

(Галерија) Граѓаните во ѓубре го оставија споменикот Мечкин Камен

Без инциденти помина чествувањето на Илинден на Мечкин Камен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 24 лица, најмладиот на 35-годишна возраст

Редакција

Антикорупциска отвори четири постапки за премиерот Заев

Редакција

Во последните три дена 254 случаи на Ковид-19, починале четири, а оздравеле 412 лица

Редакција