еМагазин
Image default
Локално

Влада: Запазени сите процедури за заштита на автентичноста на Старата скопска чаршија

Владата денеска соопшти дека се запазени сите процедури за заштита на автентичноста на Старата скопска чаршија и дека градежната активност која се финансира преку Проектот за локална и регионална конкурентност се одвива во согласност со позитивните правни норми за зачувување на автентичноста на Старата Скопска Чаршија.

„Во рамките на проектот за Локална и регионална конкурентност (ПЛРК), Општина Чаир аплицираше со под-проектот „Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир“.

Сите активности на под-проектот предвидуваат клучни инвестиции во масовна туристичка дестинација со цел зголемување на привлечноста на Старата Чаршија и нејзино промовирање како главна туристичка дестинација во градот за потребите на туристите.

Под-проектот предвидува санација на калдрмата на еден дел од главната улица Битпазарска како и конзервација, реставрација и санација на повеќе дуќани кои го нарушуваат автентичниот лик на Стара Чаршија која со закон е прогласена како културно наследство од особено значење „Службен Весник на Република Северна Македонија” бр. 130/08.

Една од главните активности на проектот е и реновирање на 39 дуќани лоцирани во Стара Чаршија. Општина Чаир предложи замена на старите излози со нови излози што би го вратиле автентичниот изглед на чаршијата.

Фактичката состојба не е поволна затоа што фасадата и излозите на голем број дуќани во туристичката дестинација се дотраени или заменети со излози од ПВЦ материјал или алуминиум. Овие користени материјали ја девалвираат вредноста на автентичната структура на Стара Чаршија и ја менуваат планираната содржина и изглед на чаршијата“, велат од Владата.

Оттаму додаваат дека со текот на времето настанати се оштетувања на калдрмата на улицата.

„Оштетувањата се настанати од повеќе фактори: метеоролошки влијанија, моторен сообраќај, недоволен капацитет на каменот и парцијални ископувања на улиците. За таа цел проектот предвидува санација на калдрмата во главната улица (во должина од 200м или вкупно 2240м2).

Сите градежни материјали кои се користат за реконструкцијата на излозите на дуќаните и калдрмата во споменичка целина: „Стара Скопска Чаршија“ се автентични и одобрени од стручни лица од НУ Конзерваторски Центар – Скопје и Управата за заштита на културно наследство“, велат од Владата.

Целото образложение ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со пари од ЕУ и амин од Светска банка се менува ликот на Старата скопска чаршија

„Конструктор“ го доби тендерот за конзервација и адаптација на излози во Старата скопска чаршија вреден 186.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум лица повредени при нагло запирање на автобус во Скопје

Редакција

Двајца млади скопјани подведувале малолетничка на сексуални услуги

Редакција

Дваесет и тригодишна кавадарчанка се сомничи за кривично дело “повреда на тајноста на гласање“

Редакција