еМагазин
Image default
Македонија

Владата ја поништува лустрацијата: Оштетените можат да тужат и да добијат надомест

Владата на денешната седница го усвои предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни.

Станува збор за Предлог – закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

Со овој закон, како што се наведува во соопштението, се исправа една долгогодишна неправда направена кон лицата кои беа жртви на постапките пред Комисијата за верификација на факти и други надлежни органи, за кои јавноста беше запознаена и преку случаите на нарачаните лустрации, споменувани во објавените телефонски разговори.

По сила на овој закон во целост стануваат ништовни сите правни акти, дејствија и мерки донесени односно преземени од Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи.

Воедно, Министерството за правда додава дека со овој закон во целост стануваат ништовни сите правни последици што ги произвеле правните акти, дејствија и мерки.

„Оштетените лица од донесени акти и одлуки на Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи или нивните наследници доколку тие се починати имаат право на надомест на штета со поднесување на тужба пред надлежен суд против Република Северна Македонија, согласно одредбите од Законот за облигационите односи, во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон“, пишува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вaкцината за Ковид-19 во Македонија ќе биде бесплатна и нема да е задолжителна

Редакција

Беса Адеми е новата претседателка на Врховниот суд

Редакција

Лажна пријава за бомба пред Влада, јавувачот е откриен и приведен

Редакција