еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата бара од сите функционери во своите биографии наместо Македонија да напишат Северна Македонија

Владата на една од последните седници донела заклучоци да им препорача на повеќе институции и на функционерите да забрзаат со спроведувањето на обврските кои произлегоа од Преспанскиот договор односно да го заменат името Македонија со Северна Македонија.

Меѓудругото, Владата им укажала на сите носители на јавни функции да ги изменат своите  биографии со промена на името Република Македонија во Република Северна Македонија.

„Се задолжуваат, односно им се укажува на сите институции, а се препорачува на единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје во рок од седум дена да ги ажурираат своите веб – страници со името Република Северна Македонија.

Се задолжуваат, односно им се укажува на сите институции, а се препорачува на единиците на локалната самоуправа да пристапат кон отстранување на симболот Сонце на Вергина од јавниот простор во рок од седум дена.

Се задолжува Археолошкиот музеј да го промени визуелниот изглед на фасадата на начин што наместо името Археолошки музеј на Македонија ќе стои Археолошки музеј на Северна Македонија.

Се задолжува Секторот за односи со јавност во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија да изработи визуелен приказ на плочите за одбележување на спомениците на видлив начин како и да одреди димензии на истите.

Се задолжува Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија во рок од 15 дена да изврши промена на фасадите на јавните институции и објекти со името Република Северна Македонија.

Се укажува на Агенцијата за млади и спорт да ги задолжи сите спортски федерации и здруженија во рок од 15 дена да направат промена на имињата, веб – страниците и дресовите на спортски здруженија, федерации и репрезентативни дресови со името Република Северна Македонија“, пишува во заклучоците на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега 11.702 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19, од нив 19 починале

Редакција

Македонија и Црна Гора заеднички ќе аплицираат за воведување на системот „Пејпал“

Редакција

Засега полицискиот час останува од 22 до 5 часот

Редакција