еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата барала список со споменици и улици од Хеленската историја и објекти со Сонцето од Вергина

Владата на една од последните седници го задолжила Генералниот секретаријат веднаш да испрати допис до сите државни институции и до единиците на локалната самоуправа за информација во врска со точниот број на споменици и имиња на споменици, јавни згради и јавна инфраструктура (улици, плоштади и сл.) кои се однесуваат на Хеленската историја и цивилизација, чии се авторските права за делото и во кој дел и кој е надлежен за одржување на делото.

Владата исто така го задолжила Генералниот секретаријат веднаш да испрати допис до сите државни институции и до единиците на локалната самоуправа за информација во врска со симболот на Сонцето од Вергина, односно каде се е импутиран симболот на Сонцето од Вергина на јавен простор (пр.згради, пешачки патеки, мостови, улици и сл.).

Генералниот секретаријат на Владата добил и задолжение да го достави Прирачникот за спроведување на договорот од Преспа до сите државни институции и до единиците на локалната самоуправа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед по скопски општини: Во Аеродром близу 700 активни случаи на Ковид-19

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ обвини за два нови случаи на непотизам во Неготино

Редакција

Хан: Ни треба државништво, а не партиски игри

Редакција