еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата донесе уредба за одложено плаќање на кредитите, на ред се банките

Промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците предвидува Уредбата со законска сила што ја донесе Владата, откако претходно за таа намена Советот на Народната банка ги донесе потребните регулаторни измени.

-Со уредбата се утврдува како во текот на вонредната состојба да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите кои заради коронакризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците, информираше владината прес-служба.

На Уредбата работеа Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација.

Сега на ред се банките кои треба да одлучат дали ќе прифатат одложување на кредитите за сите граѓани и фирми, или само за одредени.

Со регулаторните измени што ги донесе Советот на Народната банка, банките и штедилниците ќе можат на повеќе начини да им го олеснат финансискиот товар на граѓаните и фирмите погодени од коронакризата.

Конкретно, со одложување односно грејс-период за отплата на кредитите, пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период, пониска каматна стапка или одобрување нов поповолен кредит за рефинансирање на постоечкиот, итн..

Олеснувањата ќе се однесуваат на потрошувачки, станбени, автомобилски кредити, кредитни картички, одобрен минус, како и кредити на фирмите.

Со измените се овозможува и навремена поповолна промена на кредитните услови за кредитите да не станат нефункционални. До крајот на септември секое доцнење до 150 дена нема да се смета за нефункционален кредит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои фирми ќе бидат ослободени од персоналец и данок на добивка за март, април и мај

Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот се искачи на 17

Велес и Прилеп нови места со лица заболени од коронавирусот: Како изгледа мапата по градови

Сите детали: Најголем дел од новозаболените од коронавирусот се на возраст од 50-59 години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што содржи политичкиот дел од извештајот на ЕУ за реформскиот напредок на Македонија

Редакција

Бекир Кадриески го копира Христијан Пендиков, отиде да се лечи во Бугарија

Редакција

Алкалоид за три месеци со 99 нови вработувања и инвестиции од 218,5 милиони денари

Редакција