еМагазин
Image default
Македонија

Владата ќе одвои 78 милиони денари за реконструкција на јавните површини во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

На денешната седница Владата ја донесе Уредбата со законска сила за финансирање на организирање и реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје за време на вонредна состојба согласно која се утврдуваат финансиски средства во висина од 78.000.000 денари за обезбедување на поефикасно функционирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за овозможување на укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на пациенти заболени од заразната болест коронавирусот КОВИД-19 и непречено функционирање на останатите клиники во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во услови на зголемен обем на работа за време на вонредна состојба.

Според Член 2 од оваа Уредба, финансиското учество на Владата на Република Северна Македонија е за трошоци за реконструкцијата на улици и тротоари, пробивањето на нови влезови, одвојување на автомобилскиот и пешачкиот сообраќај и непречено движење на интерхоспиталните и интервентните возила и возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје.

Средствата утврдени со оваа Уредба, Министерството за финансии ќе ги префрли на Град Скопје, кое ја реализира реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички Центар „Мајка Тереза“ Скопје, во координација со Јавните претпријатија основани од Градот Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор и нема К-15 за 2020 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беса засега нема да поднесе инцијатива за интерпелација на Груби

Редакција

МВР најавува пријави: Три новогодишни прослави на поголема група на луѓе во Скопје

Редакција

Боки 13 на крајот на судењето за „Рекет“ распали по Камчев, Кичеец, Заев, Мијалков…

Редакција