еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата ќе се задолжи за околу 600 милиони евра за да се справи со кризата со корона вирусот

Денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска информираше дека Владата наредната недела ќе обезбеди над 580 милиони евра од странски банки, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и од Светската банка за да се справи со кризата со корона вирусот, односно да ја одржи ликвидноста на Буџетот и за гарантирање на одржувањето на работните места во земјава.

Во планот за задолжување и финансирање се предлагаат три извори на финансирање.

Станува збор за заем до издавање на државната еврообврзница во висина од 400 милиони евра за да се сервисираат потребите во време на справување со корона вирусот, а Владата ќе ги повлече и 87 милиони евра од ММФ, на кои Македонија има право како членка на Фондот.

Исто така, Владата ќе побара средства за развојни политики и од Светската банка, од каде се очекува да се повлече износ од околу 100 милиони евра.

Овој заем од странските банки ќе биде под поволни услови, а процесот за задолжување ќе започне од понеделник. Министерката Ангеловска очекува каматна стапка за овој заем, пониска од 2,75 отсто.

Предлогот за повлекување на овие средства е потпишан и од дополнителната заменик-министерка на Министерството за финансии.

Таа најави и дека се подготвува нов сет на мерки за справување со кризата, што ќе бидат дефинирани во текот на наредната недела. Најави кратења во буџетот на расходната страна и пренамена на средства кај различни буџетски корисници.

“Во услови на вонредна состојба, ребаланс на Буџетот нема да биде потребен. Од друга страна, ќе имаме поголема флексибилност, агилност и брзина да делуваме. Владата ќе може да носи уредби за прераспределба и реалокација помеѓу буџетските корисници.

Очекуваме најголемите ефекти од корона кризата да се почувствуваат во вториот квартал„, изјави министерката Ангеловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седете дома за да им олесниме: 23.000 здравствени работници се грижат за два милиони народ

Прв смртен случај од корона вирусот во Македонија: Жената два пати била тестирана, тестовите биле негативни

(Видео) Босански лекар од Италија: Војна преживеав вакво нешто немам видено, корона вирусот го „јаде“ ткивото на белите дробови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дадилката која тепаше дете во игротеката „Дежа Ву“ приведена во полиција

Редакција

ЕСМ ја исклучи ХЕЦ Св. Петка и го стави на минимум производството во ХЕЦ Козјак за да се намали нивото на Вардар

Редакција

„Синерџи медикал“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема „тежок“ 556.000 евра

Редакција