Владата на вонредна седница донесе одлука 14 и 15. февруари да бидат денови на жалост поради тешката сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово.
Премиерот Зоран Заев по завршување на седницата соопшти дека бројката на загинати се искачи на 14, а шестмина се борат за живот.
„Тешка ноќ, полна со неизмерна болка и тага. Немам зборови кои можат да бидат доволна утеха за семејствата на нашите сограѓани кои вечерва трагично ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа“, изјави Заев.
Тој најави дека денеска ќе ги посети повредените во болниците, а во наредните денови ќе се донесат и одлуки за поддршка на семејствата на починатите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради националната трагедија, Неготино и Демир Капија ги откажуваат сите настани за „Св.Трифун“
Помеѓу загинатите и син на пратеник на СДСМ од Гостивар
Детали од Обвинителство за тешката автобуска несреќа на патот Скопје-Тетово
Шоферот е во стабилна состојба, најголем дел од загинатите се од Гостивар