еМагазин
Image default
Македонија

Владата го усвои законот за Јавното обвинителство: Каква ќе биде судбината на СЈО?

Владата денеска го усвои Предлог-законот за Јавното обвинителство во кој е регулиран статусот, автономијата и надлежностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Основа за изготвувања на овој закон, како што е наведено во соопштението од Министерството за правда, беа двата извештаи на експертскиот тим на Прибе.

При изготвување на законот се вградени сите меѓународни стандарди во соодветната област, а користени се и бројни компаративни искуства.

Станува збор за закон во што е регулирана материјата за Јавното обвинителство и во тие рамки за СЈО.

Kлучни одредби од законот се оние кои што се однесуваат на надлежностите на СЈО, кое ќе биде надлежно за: Специјалното јавно обвинителство продолжува да ја врши својата надлежност претходно определена со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и определена во член 34 став (1) алинеја 1 во овој закон на следниот начин:

-Предметите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 година, како и предметите кои се наоѓаат во фаза на судење врз кои е воспоставена надлежност согласно член 11 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, продолжува да ги застапува Специјалното јавно обвинителство.

– Обвиненијата покренати по 30 јуни 2017 година и истражните постапки што ги спроведува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите до влегувањето во сила на овој закон продолжува да ги спроведува Специјалното јавно обвинителство, и

– Претходните постапки што ги спроведува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите до влегувањето во сила на овој закон ќе ги продолжи јавното обвинителство во чија надлежност спаѓаат согласно членовите 32 и 34 од овој закон.

Материјалите од незаконското следење на комуникациите Специјалното јавно обвинителство може да ги обработува најдоцна до 15.09.2020 година и истите може да се користат како доказ само во предметите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 година.

Материјалите од незаконското следење на комуникациите кои не се дадени како докази во судовите ќе се чуваат во Специјалното јавно обвинителство една година по правосилното завршување на сите постапки што се водат за кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, а ќе бидат уништени согласно одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки, согласно закон.

Записниците за уништување задолжително се доставуваат до Јавниот обвинител.

Покрај прашањата поврзани со статусот на СЈО, значајна новина во законот е одредбата со која се пропишуваат условите за избор на јавните обвинители. Овие измени се насочени кон зголемување на потребниот стаж за избор на јавни обвинители во повисоките јавни обвинителства.

Со донесувањето на овој закон, се исполнуваат и препораките на ГРЕКО во делот на дисциплинската одговорност на јавните обвинители. Во тој контекст, се пропишуваат јасни, прецизни и предвидливи основи за дисциплинска одговорност кои се пропорционални со предвидените дисциплински мерки.

Така, најтешките дисциплински мерки се пропишани единствено за најсериозните дисциплински повреди.

Значајно е да се истакне дека, во овој закон, е уредена материјата за оценувањето на јавните обвинители и тоа за постапката за оценување, критериумите и постапката за повторно оценување.

Со оглед на спецификите и динамичноста на оваа материја, законот предвидува дека начинот на бодување ќе биде уреден со подзаконски акт што ќе го донесе Јавниот обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 201 случаи на Ковид-19 од 1.986 тестови, 37 реинфекции

Редакција

Почина 80-годишен пациент, вкупната бројка на починати од корона вирусот 57

Редакција

Убава вест: 1.118 оздравени од Ковид-19

Редакција