еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата „крчка“ нов закон за сметководствени работи: Нови обврски за сметководителите

Министерството за финансии подготвува нов Закон за вршење на сметководствени работи. Во образложението се вели дека Законот за вршење на сметководствени работи е донесен во 2012 година, а отпочна да се применува во 2016 година.

„Во меѓувреме беа направени повеќе измени при што беа избришани одредбите со кои се предвидуваше задолжително полагање на испит за влез во професијата.

Со тоа се отстапи суштината поради која беше донесен Законот-подигање на стручноста и професионалноста на сметководителите. Постојниот Закон предвидува задолжителна посета на обуки организирани од страна на Институтот.

Законот не дава можност за признавање и на други форми на усовршување како што се учество на конгреси и симпозиуми, држење на стручни предавања, објавување трудови и менторства. Ваквиот концепт отстапува од најдобрите меѓународни практики“, пишува во образложението.

Со постојниот Закон е предвидено сите сметководители/овластени сметководители да се членови на Институтот. Во Собранието членството го претставуваат 50 лица. Оваа бројка не е доволна за да ги одрази интересите и потребите на над 8.700 сметководители и овластени сметководители е уредува одржување на електронски седници на Собранието на Институтот што ќе овозможи транспарентност и инклузивност во донесувањето одлуки.

„Заради подигање на квалитетот на професијата, се воведува влезен испит со можност за ослободување од полагање на одредени испити во зависност од претходно стекнатото образование.

Се овозможува влез во професијата веднаш по завршување на формалното образование и се унапредува процесот на континуирано професионално усовршување (се признава учество на симпозиуми, конгреси,стручни предавања,менторство и сл.)“, се вели во образложението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје не ја научи лекцијата, повторно лобира во ЕУ за да сокрие недостаток на реформи, вели бугарскиот претседател Радев

Редакција

Покрената иницијатива пред Уставен суд, Ковид-19 да се третира како професионално заболување за сите работници

Редакција

Локалните власти во Грција немале ентузијазам за менување на таблите со „Скопиа„, вели Османи

Редакција