еМагазин
Image default
Македонија

Владата му предложи на Уставниот суд да го отфрли барањето на Митко Чавков за оценување на уставноста на Законот за амнестија

Владата на една од последните седници ја разгледала иницијативата од Митко Чавков од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија за оценување на уставноста на член 1 и член 2 од Законот за амнестија.

Со иницијативата се оспоруваат членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија. Имено, подносителот на Иницијативата, во конкретниот случај, смета дека „одредбите за ограничување на важењето на Законот за амнестија за одредени кривични дела и определени лица имплементирани во член 1 од цитираниот Закон, се во спротивност со Уставот на Република Северна Македонија, пред се, со член 9 од истиот“.

Исто така, Чавков укажува дека ограничувањето на важењето на Законот за амнестија во член 1 од цитираниот Закон, каде е набележано дека амнестијата важи за кривични дела поврзани со настаните од Собранието на Република Северна Македонија од 27 април 2017 година и нивните сторители, а не се однесува за лицата и кривичните дела наведени во член 1 став 3 од истиот Закон, што според истиот укажува дека овој член е во спротивност со член 9 од Уставот на Република Северна Македонија.

Понатаму, подносителот на Иницијативата истакнува дека според член 9 од Уставот на Република Северна Македонија, сите граѓани на Република Северна Македонија, вклучително и лицата кои се осудени со пресуди на надлежни судови, за кривичните дела за кои амнестијата не важи, а цитирани во член 1 став 3 од Законот за амнестија, се нееднакви со другите граѓани воопшто, а пред се, со другите граѓани сторители на кривични дела, за кои важи амнестијата.

Како што истакнува подносителот „ова доведува до тоа да овој член 1 од Законот за амнестија е
во целост во спротивност со член 9 од Уставот на Република Северна Македонија.“

Исто така, подносителот на Иницијативата смета дека „ваквата судска амнестија“ е неуставна и
незаконска од причина што амнестијата е чин на простување, односно милост од државата,
против сторители на кривични дела да не се покренува кривично гонење, или на веќе осудените
лица казната да им биде простена или ублажена.

Истиот истакнува „дека во конкретниот случај судот одлучувал во текот на траењето на судската постапка, а по претходно прибавено мислење од јавниот обвинител, на кого од обвинетите ќе им го уважи барањето за амнестија, што е сосема неуставно и незаконски“.

„Уште повеќе, во текот на судската постапка за настаните од 27 април 2017 година, од повеќе обвинети лица, амнестија добија само 20 обвинети лица и тоа по самостојна оцена на судот, а по претходно прибавено мислење од јавниот обвинител, што е целосно неуставно, незаконски и дискриминирачки“, пишува во инцијатавата.

Според Владата,  со оспорените член 1 и член 2 од Законот за амнестија („Службен весник на Република Македонија”  не се повредени одредбите од Уставот на Република Северна Македонија, поради што Владата на Република Северна Македонија му предлага на Уставниот суд на Република Северна Македонија да не ја прифати Иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста од членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресуди за „крвавиот четврток“: Чавков осуден на 18 години затвор, Нинџа на 8 години, Игор Дурловски е ослободен…

Чавков на Фејсбук: Казната е драконска, вилата на Халкидики ако ја најдете ја поклонувам

Фото: Фејсбук/Чавков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 18 оздравени од Ковид-19

Редакција

Здравствената состојба на сите седум пациенти кои се лекуваат од корона вирус е стабилна

Редакција

Албански медиуми: Груевски излегол од Албанија со автомобил на унгарската амбасада

Редакција