еМагазин
Image default
Бизнис

Владата на денешната седница ќе го разгледува ребалансот на Буџетот

Ребалансот на Буџетот за 2019 година подготвен од Министерството за финансии, а во чија крајна фаза се вклучи и новата министерка Нина Ангеловска, денеска треба да биде разгледан на владина седница.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека подготовката на ребалансот е во финална фаза и дека тој треба да даде поддршка на поддршка на капиталните проекти и на новите мерки за повисоки плати и за подобри услуги за граѓаните.

Една од мерките што ќе биде вградена во ребалансот е државата да ги покрива придонесите за здравствено и пензиско осигурување, доколку работодавачот ја зголеми платата на работниците во нето износ од 25 отсто од просечната плата.

Мерката треба да почне да се применува од октомври годинава.

Ангеловска на првиот ден од нејзиното преземање на функцијата посочи дека во последните денови била вклучена во завршната фаза и потенцира дека мерката ќе се имплементира во последните два месеца од годинава, од 1 октомври.

„Пресметката е вклучена во ребалансот и сметам дека е добро тоа што мерката ќе овозможи малите и средни компании и воопшто компании да можат да дадат поголеми плати, а притоа да бидат ослободени од плаќање на придонесите“, изјави Ангеловска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со нов закон ќе се одредат условите за субвенции за повисоки плати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се распаѓа железницата: Во прекин сообраќајот Велес-Гевгелија, попуштил мост

Редакција

Стапува во сила новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Редакција

Комерцијална банка донесе одлука за исплата на дивиденда, ќе ја исплати откако ќе престане ограничувањето од Народна банка

Редакција