еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Владата на САД очекува епидемијата од коронавирусот да трае 18 месеци

Владата на САД се подготвува за пандемијата од коронавирусот, која би можела да трае до 18 месеци и подолго и да има неколку бранови на разболување.

„Американските болници веќе известија дека се соочуваат со недостиг на опрема и лекови, а американската Влада неделава објави дека ќе ги помогне болниците кои останале без резерви и ќе одреди уште два медицински објекта за сместување на заболените“, истакнува Си-Ен-Ен.

Според телевизијата, сојузните влади веќе презеле голем број мерки за да го спречат ширењето на болеста, како што е затворање на училишата, а баровите и рестораните се претворени во служби за снабдување со храна. Додека локалната власт на Сан Франциско им препорача на граѓаните да пронајдат засолништа и ако е неопходно да ги напуштат домовите.

Во последните 24 часа бројот на инфицирани со Ковид-19 порасна за 40 проценти и изнесува 9.000 луѓе, а починаа најмалку 149.

Гувернерите на американските сојузни држави апелираат за одлучна реакција од федералната Влада.

Претседателот Доналд Трамп го испрати американскиот воен болнички брод во Њујорк, кој треба да пристигне за една недела и ќе се користи како болница во градското пристаниште.

Во сила е Закон за производство за зајакнување на националната одбрана (Defensive Production Act) од 1950 година, кој во воени услови и овозможува на државата да ги контролира сите производствени процеси.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради корона вирусот до крајот на април затворени хотелите во Грција

Италија останува во карантин и по 3 април

Поради корона вирусот: Пет илјади работници од „Дрекслмаер“ од понеделник ќе користат одмор

Поради корона вирусот, „Кромберг и Шуберт“ привремено запира со работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Максим Димитриевски, кандидат за претседател на државата на ЗНАМ

Редакција

Естонија го ратификува Протоколот за НАТО

Редакција

(Табела) Со која вакцина во Македонија има најмногу вакцинирани против Ковид-19

Редакција