Владата на денешната седница донесе одлуки и препораки до управни и надзорни одбори за избори на нови членови.
На Надзорниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија му е препорачано Васко Ковачевски да биде избран за член на Управниот одбор, кој ја извршува функцијата генерален директор.
Владата на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – НАВ) АД Скопје, за член на Управниот одбор да го избере Александар Палчевски, на претставникот на акциите и на уделите во сопственост на Владата во АД „11 октомври – Еурокомпозит“, му препорача да го отповика Златко Граороски од должноста прв извршен член на Одборот на директори и генерален директор, и на тоа место да го именува Милан Тоцев.
За член на Инспекцискиот совет денеска е именуван Керамедин Селими, откако на денешната седница беше разрешен од оваа должност Горан Симоновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детална листа: Кои се функционерите кои ги зафати „метлата“ на премиерот Зоран Заев?