еМагазин
Image default
Бизнис

Владата не била информирана за одлуката на менаџментот да го затвори „Македонско село“ и ги повика на состанок

Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), како надлежна за стопанисувањето на објектите во сопственост на владата, известува дека Владата не била запознаена за намерата, ниту информирана за одлуката на менаџментот на комплексот „Македонско село“, објектот да биде затворен и да престане да работи, соопштуваат од таму.

„Во договорот склучен меѓу СОЗР и концесионерот, претставуван од компаниите „Тинекс“ и хотелот „Квинс“, има член кој јасно определува дека за ваква одлука давателот на концесијата треба да биде известен најмалку 6 месеци однапред.СОЗР денеска ќе ги покани претставниците на менаџментот на концесионерот утре на состанок да информираат за причините за нивната одлука. Од таа средба со менаџментот на концесионерот на „Македонско село“, и од разговорот за новонастанатата ситуација, СОЗР ќе постапи согласно одредбите регулирани со договорот за концесија“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто ќе се затвори „Македонско село“: Економска неисплатливост или македонска работа

Се затвора комплексот „Македонско село“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на прометот на Македонската берза во мај

Редакција

Народна банка: Основната каматна стапка останува на ниво од 1,25%

Редакција

Колкави биле примањата на членовите на Надзорниот одбор на Тиквеш лани

Редакција