еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Владата нема иницијатива за декриминализација на употребата на канабис за лична употреба

Од Владата за сега нема инцијатива за декриминализација на употребата на канабис за лична употреба.

„Владата на Република Северна Македонија во овој момент нема иницијатива за декриминализација на употребата на канабис за лична употреба“, велат од Владата за еМагазин.

Со закон во Македонија во моментов е дозволена употребата на канабисот исклучиво за медицинска употреба.

Што е декриминализација?

Декриминализацијата на употребата на канабисот за лична употреба, не значи и легализација.

Декриминализацијата во пракса значи дека лицето кое го употребува канабисот за лична употреба може да поседува одредена количина, а во некои земји од Европската Унија, на пр. е дозоволено и одгледување на неколку стебла канабис.

Легализацијата пак значи слободна легална продажба на канабис на регулиран пазар.

Кривично се одговара и за еден џоинт

Во Македонија поседување и на една цигара со марихуана за лична употреба е кривично дело.

Кривичниот законик определува три кривични дела поврзани со дроги со кои се санкционира неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори (член 215), овозможување на употреба на дроги (член 216) и предизвикување на тешка телесна повреда или нарушување на здравјето со сторување на претходните две кривични дела (член 217).

Единствената интервенција во Кривичниот законик во овој дел е направена во членот 215 во 2009 година, кога е додаден нов став со кој се предвидува поблага казна доколку делото е сторено со помала количина на дрога, но Кривичниот законик не ги пропишува количните.

Јавното обвинителство пак има усвои внатрешно упатство според кое одредува која количина за различен вид дрога ќе се смета за мало количество. Па така, според Обвинителството, за помало количество ќе се смета 5 г. марихуана, 2 г. хероин и 2 г. кокаин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Биг Мајк објави видео од средбите со Зоран Заев, Венко Филипче, Хари Костов…

Бизнисот со канабис за медицинска употреба расцвета: Бројот на издадени лиценци порасна на 27

Заев вели дека средбата со Биг Мајк била во интерес на државата

За да влезете во бизнисот со медицински канабис Ви треба банкарска гаранција од 1 милион евра!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Историски моменти во тенисот: Федерер ја заврши кариерата, плачат заедно со Рафа со кого имаат одиграно безброј антологиски мечови

Редакција

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничувањето на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

Редакција

Студентски отпор не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк

Редакција