еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Владата одобри 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Владата на 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување на 60 милиони денари од Буџетот за 2019 година за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје.

Средствата, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат уплатени на сметката на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации, со која Владата и Кралството Норвешка подготвија план за чистење на еколошкото жариште ОХИС.

Генерален секретаријат на Владата на седницата, исто така, информираше дека е целосно завршена постапка за отстранување опасни и експлозивни ствари по животната средина и по безбедноста на граѓаните на компанијата „Теас-Темко“.

Постапувајќи по заклучок на Владата, Генералниот секретаријат врз основа на договорот со единствениот понудувач Тrayal корпорација АД „Крушевац“ – Република Србија, конечно ја отстрани надвор од границите на државата големата количина опасни и експлозивни ствари што претходно беа во сопственост на АД „Теас-Темко“ на имотот на АД „Макпетрол“ во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалено загадувањето во Битола и Струмица, се укинуваат мерките за заштита

Редакција

Мечкин Камен исчистен од ѓубрето по прославата на Илинден

Редакција

Опасниот отпад во Орман бил донесен од Пробиштип

Редакција