еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата одвоила 325.000 евра за кампања по повод добивање датум за преговори со ЕУ

Владата на една од последните седници донела одлука за организирање серија активности за подигање на јавната свест и промоција на европските вредности и придобивките кои државата ќе ги почувствува од членството во Европската Унија, за време на преговорите.

Преку серијата комуникациски активности требало да се испрати пораката дека за нашата земја оваа одлука претставува национален успех на сите генерации од независноста до денес, успех преку кој ќе може да се постигне подолготрајна мотивација на граѓаните и особено на младите да бидат ангажирани во процесите на подобрување на општественото живеење и мотивација граѓаните и младите да ја видат шансата во својата држава.

Со цел кампањата од јавен интерес да започне веднаш после донесената позитивна одлука, Владата на 8 октомври ја задолжила Службата за општи и заеднички работи согласно член 55 став 1, точка г, од Законот за јавните набавки, да спроведе итна јавна набавка со постапка со преговарање, без објавување оглас за спроведување на постапката, по претходно обезбедено мислење од Бирото за јавните набавки, имајќи ја предвид итноста од јавната набавка.

Владата го задолжила Министерството за финансии да ги обезбеди потребните финансиски средства од 20.000.000 денари (325.000 евра) за оваа намена и истите да ги префрли на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициските „Алфи“ нема да постојат како посебна единица

Редакција

Приведен градоначалникот на Демир Хисар

Редакција

Во Ерџелија приведени неколку лица осомничени за изборен поткуп

Редакција