еМагазин
Image default
Македонија

Владата побарала од функционерите и советниците писмена гаранција за етичко однесување

Владата на една од последните седници ги задолжила носителите на извршни функции, во рок од 10 дена да потпишат писмена ијава со која потврдуваат дека при извршувањето на нивните овластувања односно должности, ќе се придржуваат до Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и истата да ја достават до архивите на надлежните институции и до Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

„Владата ги задолжи советниците кои ги именува претседателот на Владата на Република Северна Македонија, посебните советници во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и посебните советници и други советници ангажирани од страна на министрите, при потпишување на договорот за нивно ангажирање, а оние кои се веќе ангажирани во рок од 30 дена, да потпишат писмена Изјава со која потврдуваат дека ќе се придржуваат до Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, согласно членот 14 од Kодексот и истата да ја достават до архивите на надлежните институции и до функционерот кој ги именувал, односно кај кого ги извршуваат задачите“, пишува во заклучоците од владината седница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Москва: Русија не се мешаше во внатрешните работи на Македонија, туку тоа го стори Вашингтон

Редакција

Ковачевски-Зеленски: Македонија ќе продолжи со поддршката на Украина колку што ќе биде потребно

Редакција

Напаѓачот на Пендиков излезе од притвор, остана без пасошот

Редакција