еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата ќе продава државни деловни згради и простории на државни органи со непосредна спогодба

Министерството за транспорт и врски подготвува предлог на закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.

„За да можат да купат деловен простор од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката и Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, државните органи и субјектите од членот 2 од овој закон потребно е да учествуаат на електронско јавно наддавање согласно законот“, се вели во образложението.

Целта на измените е да се овозможи по исклучок од членот 5 од овој закон, a под услови и начин утврдени со предложените членови, продажба на деловен простор да може да се врши со непосредна спогодба за потребите на субјектите од членот 2 на овој закон и за државните органи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставниот суд поведе постапка за Одлука со која е донесен ДУП од Советот на Општина Центар во 2014-та година

Редакција

Пукањето во Ис Гејт е криминална пресметка, потврди Спасовски

Редакција

Македонската економија годинава со раст од 2%, а следната 3%, предвидува ЕБОР

Редакција