еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Владата пред тешка одлука: Каква полза од празничен полициски час ако ИВЗ си тера по старо?

Владата денес треба да соопшти дали ќе ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за воведување продолжен полициски час за време на престојниот празник и тоа од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот.

Ако се земе предвид дека повторно почнува да расте бројот на заболени лица од корона вирусот логично е Владата да ја послуша Комисијата и да го прифати нејзиниот предлог.

Сепак, при носењето на одлуката мора да се земат предвид уште неколку работи.

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи преку писмо веќе и укажа на Владата дека верниците од исламска вероисповест ќе ја загубат довербата во неа доколку се воведе полициски час за големиот празник Рамазан Бајрам односно за Фитр Бајрам кој се слави на 24 мај. Тој потсетува дека довербата ќе се загуби во пресрет на избори.

Реџепи во писмото јасно кажува дека ИВЗ нема намера да се откаже на традиционалниот намаз за Фитр Бајрам во џамиите поради полицискиот час.

„Воведувањето на полицискиот час како што се најавува ќе ги иритира верниците од исламската заедница, бидејќи цел месец по ред во ниту еден викенд не беше воведен полициски час, нешто што автоматски ова се подразбира дека оваа намерно се прави за да не се дозволи обавување на намазот на Фитер Бајрам кој се обавува еднаш годишно, и трае само 15 минути. Додека утринскиот (сабах) намазот ќе се обавува дома“, пишува во писмото.

Исламската Верска Заедница (ИВЗ) вчера соопшти идека поради обавувањето на намазот на Фитр Бајрам донела низа мерки, што треба да се спроведат во секоја џамија на 24 мај.

„Обавувањето на намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути, максимално да се избегнат поздравите со физички контакт, откажување од посета на гробишта, за време на Фитр Бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку, дезинфекција на џамии, задолжително носење маска, чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици, секој верник треба да има лично сеџаде“, се вели во одлуката на ИВЗ.

Воедно од таму истакнуваат дека ​меѓу верниците треба да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе, односно е забранет престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата.

Сепак, како Литијата во Струга и причеста за Велигден, прославувањето на големиот исламски празник со одење во џамија носи ризик од повторно ширење на болеста.

Се чини дека и ИВЗ и МПЦ потфрлуваат кога е во прашање колективното здравје, но сега останува да се види како надлежните органи ќе реагираат на ваквите најави од Реџепи. Односно, дали Владата ќе воведе продолжен полициски час и доколку воведе дали ќе се казнуваат верниците од исламска вероисповест за одење во џамија за еден од најголеми празници во оваа религија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИВЗ објави правила за големиот празник: Утринската молитва дома, намаз за Фитр Бајрам најмногу 15 минути

Сулејман Реџепи ја предупредил Владата: ИВЗ нема да го почитува полицискиот час

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Кирил Пецаков, новиот градоначалник на Охрид

Редакција

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е виновна за превозот и хигиената, обвини Арсовска

Редакција

Од Generali Investments до НЛБ Фондови Скопје: Почеток на нова приказна и неограничени инвестициски можности

Редакција