еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Не сме имуни на Брегзит: Владата сака да почне преговари за партнерство и трговски односи со Британија

Владата на последната седница го разгледувала предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување Договор за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Овој потег доаѓа во период кога Британија врие поради Брегзит и се води голема политичка битка околу прашањето дали земјата може да излезе од Европската Унија без постигнат договор.

Британскиот парламент со неколку последователни чекори успеа да ги сопре намерите на премиерот Борис Џонсон за излегување од ЕУ по секоја цена до 31 октомври, по што се најде под привремена суспензија.

Инаку, Британија во последниве неколку години е на врвот на листата најголеми трговски партнери на Македонија, главно поради увозот и извозот на компании кои работат во слободните економски зони во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нокаут за Борис Џонсон: Домот на лордовите пресече дека нема Брегзит без договор со ЕУ

Нова „шлаканица“ за Борис Џонсон: Усвоен Закон за спречување на Брегзит без договор

Ќе го одржи ли контроверзниот Борис Џонсон ветувањето за Брегзит до 31 октомври?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анџела Прајс Агелер потврдена за нова амбасадорка на САД во Македонија

Редакција

Каков имот пријавил старо-новиот претседател на Собранието, Талат Џафери

Редакција

Португалија против фиксни датуми за проширување на ЕУ

Редакција