еМагазин
Image default
Бизнис

Владата се „пишмани“: Собранија на акционери сепак ќе се одржуваат, нема дивиденда за странците

Владата вчера ја измени Уредбата со законска сила за примена на законот за трговските друштва за време на вонредна состојба што ја усвои на 25 март, годинава и им дозволи на акционерските друштва да одржуваат собранија.

Во новата Уредба новина е што се воведува забрана за исплата на дивиденда на акционери од странство.

„По членот 2, се додава нов член 2-а, кој гласи: “Член 2-а “По одобрувањето на годишната сметка и на финансиските извештаи и утврдувањето на постоењето добивка за распределба, собирот на содружниците, односно собранието го определуваат делот којшто им се доделува на странските содружници, односно на странските акционери во форма на дивиденда, според правата што ги дава уделот, односно според родот и класата на акциите.

Органот на управување не може да исплати дивиденда на странски содружници, односно за странски акционери, за време на траењето на вонредната состојба“, пишува во Уредбата.

Забележително е што вчера кога Владата ги донесе измените на оваа уредба, Комерцијална банка истиот ден експресно одржа Собрание на акционери преку писмена коренсподенција на кое меѓудругото беше донесена одлука за исплата на двиденда во износ од 550 денари за акција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка ќе исплати дивиденда од 550 денари по акција

Комерцијална банка ќе исплати дивиденда спротивно на препораките на Народната банка

„Корона-каматите“ треба да се изучуваат како пример за општествена неправда

Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“

Спасовски: Владата очекува солидарност од банките, доколку ја нема тоа ќе се дефинира со уредба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од септември повисоки цени на дел од поштенските услуги

Редакција

Цементарница Усје лани со добивка

Редакција

Колку пари чуваат граѓаните во Комерцијална банка

Редакција