еМагазин
Image default
Бизнис

Владата се задолжи 160 милиони евра кај ЕУ за справување со последиците од пандемијата со корона вирусот

Владата ја донесе Уредбата со законска сила за задолжување на Македонија кај Европската Унија преку инструментот Макро–финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од Ковид-19 пандемијата за време на вонредна состојба, со која на земјава и се одобрени 160 милиони евра за враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба и за поттикнување на економските прилагодувања, структурните реформи и преземање соодветни мерки како одговор на економската криза предизвикана од Ковид-19, информира владината прес-служба.

На оваа седница, Владата донесе и Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19 со која се опфатени сите радиодифузери во земјата за надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување согласно Законот за електронски комуникации, како ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.

Владата донесе и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредната состојба, согласно која кабелските операторите се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да достават пријави за регистрација на странските радиодифузери кои ги реемитуваат во рок од 60 дена од денот на нивното донесување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да има присилна наплата за даночни долгови доспеани во мај и јуни

Осигурениците нема да плаќаат партиципација за здравствени услуги поврзани со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Витаминка, Макпрогрес и Европа ќе им дадат дополнителни 3 месеци скратено работно време на родителите кои се враќаат од породилно: Кој е следен?

Редакција

ЈП за државни патишта вработува 4 службеници

Редакција

ММФ ни предвидува минимален раст на БДП од 1,6%, Владата останува на проекцијата од 3,2%

Редакција