еМагазин
Image default
Македонија

Владата седниците ќе ги држи низ различни градови, прва беше Битола

Редовната 159-та седница на Владата се одржа во Битола, како прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различните региони во државата.

На седницата присуствуваа, и во нејзината работа учествуваа и градоначалниците од пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар, а министрите во Владата реферираа за активностите на секој од ресорите во пелагонискиот регион, особено во делот на патната и комуналната инфраструктура, како и за напредокот во изградбата на примарниот гасовод на потегот Неготино-Прилеп-Битола.

Ресорните министри во Владата информираа и за актуелните проекти во здравството, заштитата на животната средина и социјалната заштита, како и за оние во културата и локалниот економски развој.

На оваа седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за склучување Договори за доделување финансиска поддршка на 170 компании, вклучувајќи и компании од трговско-индустриските зони и една од дијаспората, преку програмите на Планот за економски раст.

За оваа финансиска поддршка евалуирани се реализираните инвестиции за 2018 година, а се однесува за инвестициски вложувања за набавка на нови машини и опрема и за инвестиции во објекти и земјиште.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелациониот суд ја укина пресудата за Сашо Мијалков и Мендух Тачи за „Титаник 2“

Редакција

Минатата недела едно лице починало од Ковид-19

Редакција

(Видео од дрон) Мицкоски на митингот во Скопје го повика премиерот Заев на предновогодишен ТВ дуел

Редакција