еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Владата си даде рокови за да постапува по барањата на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион

Владата ја усвои информацијата за постапување по препораките на УНЕСКО и одлучи да продолжи со исполнувањето на релевантните препораки и одлуки на УНЕСКО, во насока на зачувување на статусот светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

„Притоа Владата го задолжи вицепремиерот задолжен за економски прашања, во соработка со Канцеларијата на премиерот да формира работна група составена од функционерите на сите засегнати институции којашто ќе постапи по забелешките на УНЕСКО за анализа за алтернативна рута на железничката пруга долж Коридорот 8, како и рутата од автопатот А2 Требеништа – Струга, согласно наодите на Реактивната мониторинг мисија и релевантните препораки на УНЕСКО. Предлог решенијата треба да бидат доставени до Владата најдоцна до 15 јануари 2020.

Министерството за транспорт и врски, е задолжено во соработка со Националниот парк Галичица и општините Охрид, Струга и Дебрца да изработи инвентар на нелегални градби во Регионот и истиот да го достави до Владата најдоцна до 1 септември оваа година.

Министерствата за животна средина и просторно планирање и за култура, се задолжени да изработат предлог План за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион, усогласен со Центарот за светско наследство на УНЕСКО, и истиот да биде доставен до Владата за усвојување, најдоцна до почетокот на декември 2019-та година.

Истовремено, Владата силно ги охрабрува општините Охрид и Струга да ги исполнат препораките на УНЕСКО, со крајна цел Охридскиот регион и натаму да биде под закрила на УНЕСКО“, се вели во соопштението на Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) УНЕСКО ги „искорна“ палмите во Охрид

Твитер „полуде“: „Најубаво ќе биде ДУИ да ги заштитиме во УНЕСКО, секако никој ништо не им може“

Општина Охрид: Забелешките на УНЕСКО ја покажуваат фактичката состојба на Охридскиот регион

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени

Редакција

Охрид СОС собраа 5.522 потписи за итни мерки за спас на Преспанско Езеро

Редакција

(Видео) Засадени 40.000 дрвја како резултат на големата акција за пошумување на шумските насади „Сончева гора“

Редакција