еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата со реакција: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Македонија

Никола Груевски е осуден со правосилна пресуда во јавен и транспарентен процес, а истовремено против него се водат уште неколку судски постапки, истраги и уште една предистражна постапка, се вели во реакцијата на Владата, на објавата на Никола Груевски дека добил азил.

„Осудениот Никола Груевски беше под полициска заштита согласно со правата кои му следуваа како поранешен премиер и тој во ниту една ситуација нема пријавено закани по неговиот живот. Против Никола Груевски никогаш не бил воден никаков политички прогон и не се евидентирани никакви закани по неговиот живот, ниту пак која било владина институција вршела закани по неговиот живот. Оттука констатираме дека единствена цел на Груевски е избегнување на правдата.

Владата на Република Македонија официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во неговото бегство од земјата и официјално ќе испрати барање за екстрадиција проследено со севкупната документација за процесите и пресудата.

Владата на Република Македонија очекува дека властите во Будимпешта безусловно ќе го прифатат барањето за екстрадиција и во согласност со почитувањето на меѓународното право како земја членка на ЕУ и НАТО ќе овозможат враќање на Груевски во Македонија со цел да си ја отслужи казната затвор и да одговара за останатите дела за коишто е обвинет.

Република Македонија е правна држава во која што владеат законите. Секој оној за којшто се докажало дека ги прекршил законите и секој оној за којшто има правосилна пресуда, ќе одговара за своите постапки“, се вели во соопштението на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски: Ми беше сугерирано од братот на премиерот и обвинителот, дека ќе ми биде одложена казната ако убедам пратеници да гласат за уставните измени

Твитер-реакции за азилот на Груевски: Уживај си ги парите и е.и си мајката

Груевски на Фејсбук: Добив азил во Унгарија

Што пишува во барањето на Министерство за правда за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕСА ќе даде поддршка за законот за јавно обвинителство, ако СЈО остане независно

Редакција

Повеќе мажи, најмногу над 60 години, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

МВР ќе потроши 2,4 милиони евра на униформи за специјалната полиција: Кои се добитниците на тендерот?

Редакција