еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата вработува 15 лица, плата до 25.023 денари

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 15 државни службеници во Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат.

Се бараат кандидати за следните работни места: виш соработник за поддршка од областа на правото за плата од 23.257 денари, помлад соработник за оперативна поддршка за плата од 20.987 денари, советник за поддршка на генералниот секретар на Владата за плата од 25.023 денари, помлад соработник за логистичка поддршка за имплементирање на препораките на Државниот завод за ревизија за плата од 20.987 денари, виш соработник за организациона поддршка за плата од 23.257 денари, помлад соработник за база на податоци и мултимедија за плата од 20.987 денари, помлад соработник за помош при постапување по претставки и предлози за плата од 20.987 денари, двајца помлади соработници за оперативно-логистичка поддршк за плата од 20.987 денари, помлад соработник за оперативна поддршка во Комисијата за економски систем и тековна економска политика за плата од 20.987 денари, виш соработник за поддршка на протоколарни работи за плата од 23.257 денари, советник за стручно-оперативна поддршка на генералниот секретар на Владата за плата од 25.023 денари, помлад соработник за административно-технички работи за плата од 20.987 денари, помлад соработник за логистичка поддршка за плата од 20.987 денари, помлад соработник за поддршка на заменикот на генералниот секретар за плата од 20.987 денари.

Повеќе детали ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доминација на државните институции во огласите за вработување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

„Жито Полог“ лани оствари добивка од 38 милиони денари

Редакција

На поранешниот директор на Онкологија, Васев му се суди за пациент кој починал откако 3 месеци не му бил препишуван лек за тумор

Редакција