еМагазин
Image default
Македонија

Власта ќе бара поддршка од 80 пратеници за законот за Специјално јавно обвинителство

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави оти се разгледуваат две варијанти за Специјално јавно обвинителство, едната за тоа да биде инкорпорирано во Јавното обвинителство или да биде посебна институција.

Најави дека законите се ставени на ЕНЕР за јавна дебата и забелешки, дека ќе има интензивни разговори со пратениците за обезбедување двотретинска поддршка како и оти ќе се слушне и мислењето на експертите.

-На ЕНЕР се ставени законот за јавно обвинителство и законот за специјално јавно обинителство. Ако се отворат двата ќе се види дека се ставени варијанти. Едната е законот за јавно обвинителство да го инкорпорира законот односно одредбите за специјалното јавно обвинителство, но исто така има и можност да се носи посебен закон. Значи ставени се на дебата. Во наредниот период ќе се вршат консултации со пратениците за да се види до кој ново на регулирање може да обезбедиме 80 пратеници, рече Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање пред конференцијата за борба против корупцијата.

Таа додаде и дека ќе се разгледува дали е поприфатливо да има еден или два закони. Најави дека ќе има експертски дебати кои како што рече веќе се закажани за наредната недела.

-Ќе ги слушнеме мислењата и во зависност од расположението на пратениците и нивната волја за поддршка. Се надевам дека кај нив треба да има волја за поддршка за ефикасен инструмент за борба против корупцијата, бидејќи СЈО нема да се занимава само со минати случаи, туку ќе се занимава и со идни, така што тоа ќе биде од интерес на сите, рече Дескоска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов закон за СЈО: Колкави ќе бидат платите на специјалните обвинители?

Нов нацрт-закон: СЈО ќе може да го гони претседателот, министри, судии, амбасадори, градоначалници…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: До 13 часот излезноста на референдумот 16%

Редакција

Трета доза на вакцина ќе може да примаат и граѓаните вакцинирани во странство

Редакција

Новогодишна честитка и за Лика, Анѓушев, Османи, Спасовски и Шекеринска: Платите ќе им пораснат за 8.000 денари

Редакција