еМагазин
Image default
Македонија

Власта очекува опозицијата да се вклучи во подготовката на нацрт уставните амандмани

Нацрт – амандманите на Уставот за кои тече рокот што произлегува од петочната одлука на Собранието, се во фаза на изготвување. Се прават обиди во консултациите за нивното изготвување да се вклучат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но засега тоа нема да се случи.

Сепак, нацрт амандманите би можеле да се најдат во Собранието за викендот или од понеделник.
Од пратеничката група на СДСМ велат дека се остава време за вклучување на пратениците од опозоцијата во консултациите, иако изразуваат песимизам дека тоа ќе се случи.

Доколку тоа не се случи, во консултациите, велат од таму, ќе биде вклучена евентуално новата пратеничка група.

Од ВМРО-ДПМНЕ нема конкретни информации дали навистина нивните пратеници не сакаат да се вклучат во консултациите за нацрт-уставните амандмани. Од опозициската партија нагласуваат дека допрва ќе се носи одлука како партијата ќе постапи во однос на ова прашање. Одлуката ќе ја донесат во договор со пратениците.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера кажа дека во однос на најавата за консултации за подготовка на нацрт-амандамните на Уставот, обврска на предлагачот е да подготви Нацрт – амандмани, но неспорно е да се направат консултации претходно во однос на замислата меѓу пратениците и Владата.

Тоа не е исклучено како можност, потенцира Џафери. Не одговори кога ќе почнат овие консултации што беа најавени од премиерот Зоран Заев.

– Не мора да значи денеска конкретно. Владата доби соодветен рок од 15 дена со заклучокот на Собранието при донесувањето на одлуката и треба да го почитуваат тој рок, а дали ќе почнат денеска или утре, или задутре тоа е веќе нивна одлука, рече претседателот на Собранието.

Премиерот Зоран Заев во средата истакна дека останува отворен за вклучување на опозицијата во делот на сугестии за зајакнување на идентитетот, гаранцијата на определбата и гласањето во Грција, нашата интеграција во ЕУ. Најави консултации со пратеничките групи, почнувајќи од вчера. Но, според информациите од Собранието тоа не се случи, а неизвесно е дека воопшто ќе се случи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според првичните резултати неважечки 31.107 гласачки ливчиња на изборите

Редакција

Не престануваат притисоците и заканите врз Македонците во Пустец за да се пишат како Бугари

Редакција

МАН за борбата со лажни вести: Наместо да дава одговори, Владата ќе ги забранува информациите

Редакција